Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска околу 2 часот на излезот на Радовиш, пишива Република.мк
Настанот го потврди заменик портпаролот на СВР Струмица, Алакесандра Трајанова, која информирала дека од засега непознати причини автомбил марка „Мерцедес“ се забил во оградата на една од бензинските станици, па завршил во таблата со цени на горивата.
Повредените со возило на Итната медицинска помош се пренесени во болницата во Штип, а полицијата извршила увид на местото на несреќата.