Три лица се повредени кога ,,мерцедес” излета од патот и удри во билборд. Според полицијата, несреќата се случила вчера во 2 часот во Радовиш на булевар „Александар Македонски“, Н.А. (32) од Радовиш, управувајќи патничко моторно возило ,,мердецес“ со швајцарски национални ознаки изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот, по што удрил во билборд на бензинска пумпа.
Со повреди се здобиле Н.А. и сопатниците И.И.(32) од Радовиш и Т.Б.(22) од село Ораовица, кои биле пренесени во Клиничка болница Штип. Извршен е увид на местото на настанот.