6 C
Skopje
вторник, мај 20, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Мелбурн шеста година по ред е најудобен град за живеење

Мелбурн, еден од најпознатите градови во Австралија, шеста година по ред е најудобен град за живеење во светот според традиционалната анализа на Economist Intelligence Unita (EIU).
melburn

EIU го рангира квалитетот на живтот во 140 градови според 30 критериуми, меѓу кои се безбедноста, здравствената заштита, образованието, инфраструктурата, културата.

Втор на листата е Виена, потоа следат Ванкувер, Торонто, Калгари, Аделаида, Перт, Окланд и Хелсинки и Хамбург.

„Секогаш планираме и спроведуваме политика која го унапредува квалитето на животот во градот“, изјавил градоначалникот на Мелбурн.

Според организацијата животот е најудобен во градови со средна големина во богати земји со релативно ниска густина на населението.

„Тоа овозможува ширење на рекреативните активности без подигнување на нивото на криминал или преоптеретување на инфраструктурата“, се вели во извештајот.

На дното на листата остануваат Дамаск, Триполи и Лагос. Единствен европски град кој се наоѓа во најлошите десет е Киев.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.