Двата порази во првите две кола на Европското првенство предизвика проблеми. Тие беа причина за големи кавги во националниот тим, а информациите велат дека имало и физички пресметки.
Според она што го пренесуват медиумите во селекцијата на Србија дошло до двобој меѓу селекторот Јовица Цветковиќ и потпретседателот на Ракометната федерација Драган Шкрбиќ.
Не само што имало вербален дуел туку Шкрбиќ брзо после поразот од Шведска пристигнал во хотелот каде што се репрезентативците на Србија и почнал да го провоцира селекторот. Притоа Цветковиќ не успеал да се исконтролира и го удрил Шкрбиќ.
За да не дојде до судир од поголеми размери придонеле ракометарите кои успеале да ги раздвојат.
Според подоцнежните информации денеска си подале рака и наводно се смириле, но ситуацијата во Србија е далеку од сјајна. Ова не е првпат некој пораз да предизвика проблеми во националниот тим на Србија и редовно се случува да дојде до препукување така што секој шампионат за Србија нови нова кавга и промени во репрезентацијата.
Нормално има демант на ова и од Шкрбиќ и од Цветковиќ, кои во изјавите за сајтот на Ракометната федерација на Србија се обидоа да објаснат дека имало разговор и мала тензија, но дека немало судир.
Извор: 24ракомет.мк