6 C
Skopje
вторник, септември 26, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    МВР со детали: Познат идентитетот на петте лица кои го загубија животот во сообраќајката во Драчево

    На булеварот „Борис Трајковски “ во Скопје, вчера во 23: 40 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот М.Ј. од Скопје и патничко возило „Рено 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот Ј.Л. од Скопје, објави КУРИР

    -Во незгодата возачот Ј.П. и сопатниците возилото „Рено“, С.Н., А.Т.(54) од Скопје, Е.Т.(37) од Скопје и И.А.(40) од Скопје починале на местото. Додека, возачот М.Ј. се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје.

    По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција, информираат од МВР за КУРИР.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.