Мајка од Кочани со иницијали О.А. ја украла „маздата“ на ќерка си за да ја подари на љубовникот.
Најпрвин мајката ги украла клучевите, а потоа кај нотар го фалсификувала потписот на ќерка си со што колата ја префрлила на име на љубовникот.
Откако оштетената сфатила што се случило пријавила во полиција која целиот случај веќе го истражува и документира.