Имено, оваа жена посвоила девојче кое морало да го даде на чување, бидејќи била самохрана мајка и морала да работи.
Жената која го чувала бебето, исто така е мајка и има две мали деца. Веднаш ѝ рекла дека е противничка на вештачко хранење на бебето и дека своите деца исклучиво ги дои.
Сепак, самохраната мајка немала друга опција и ги игнорирала нејзините сугестии, сè додека еден ден случајно не ја фатила бебиситерката како ја дои нејзината ќерка.
Ова многу ја налутило, иако бебиситерката рекла дека сакала да го спаси нејзиното дете од хемиите со кои го храни со месеци и дека треба да ѝ биде благодарна што ѝ дава мајчино млеко сето ова време.
Мајката одлучила повеќе да не ја носи ќерка си на чување кај истата жена и не е сигурна дали би требало да ја пријави, да ги предупреди останатите родители или овој случај да го обелодени на социјалните мрежи.