6 C
Skopje
вторник, април 16, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Мајката на врзаните бебиња се извини: Луѓето реагираа премногу бурно

    Мајката на петмесечните бебиња од Загреб, чиишто фотографии молскавично пред два дена се проширија на социјалните мрежи, се извини бидејќи луѓето реагирале премногу бурно.

    На социјалните мрежи се раширија фотографии од близнаци како расплакани лежат во својата урина, врзани за кревет, по што хрватското Министерството за здравство испрати инспекција на Клиниката за инфективни болести „Фран Михајлевиќ“, во која биле сместени близнаците.

    Инспекцијата утврдила дека сѐ било направено според правилата на струката, пренесе „Индекс.хр“.

    „Уште еднаш се извинувам поради заканите на Фејсбук, навистина луѓето реагираа премногу бурно. Јас не реагирав така на врзувањето иако сум мајка. Сметам дека луѓето претерано кренаа паника“, вели мајката на бебињата, Ана Трешцец.

    Таа додава дека децата биле врзани за нивно добро.

    Запрашана дали ѝ е жал за фотографиите, мајката вели дека жали поради бурните реакции на луѓето и што претходно не побарала совет од управниците и докторите.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.