6 C
Skopje
недела, октомври 13, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Марк Цукерберг: „Фејсбук“ направи грешка и треба да ја поправи

    Основачот на социјалната мрежа „Фејсбук“, Марк Цукерберг, ја наруши тишината за злоупотребата на личните податоци на корисниците на социјалната мрежа од страна на компанијата „Кембриџ аналитика“ и призна дека раководството на социјалната мрежа направило грешка што ќе треба да ја поправи.

    „Имаме одговорност да ги заштитиме вашите лични податоци и ако не можеме да го правиме тоа, значи дека не ве заслужуваме“, изјави Цукерберг во својот прв јавен коментар откако избувна скандалот.

    „Работев за да дознаам што точно се случило и како да направам ова да не се повтори“, рече сопственикот на „Фејсбук“.

    Скандалот изби кога во јавноста се прочу дека професор од Кембриџ создал апликација што собрала податоци од 50 милиони корисници на „Фејсбук“. Професорот тврди дека не знаел оти податоците подоцна ќе бидат употребени во корист на претседателската кампања на Доналд Трамп.

    Според сознанијата, податоците ѝ биле продадени на „Кембриџ аналитика“, која ги користела за правење психолошки профили по што на корисниците им биле прикажувани приспособени реклами и вести во корист на Трамп со цел да се влијае на резултатот на изборите за претседател во 2016 година, без нивна согласност.

    Европскиот парламент, по примерот на британскиот Парламент, вчера го повика основачот на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, да го објасни користењето на личните податоци на корисниците на оваа социјална мрежа од страна на компанијата „Кембриџ аналитика“.

    Последни објави

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.