6 C
Skopje
недела, септември 24, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Марија, 21 година работи како стујардеса: Го проколнувам денот кога влегов во авион

    Сите оние кои секојдневно работат со луѓе со среќаваат со безброј човечки навики и каректери од кои често знае да им се смачи.

    За тоа може да посведочи стујардесата Марија Ж. (40) од Србија, која нешто повеќе од 2 децении работи во авио транспортот и како што раскажува се нагледала се и сешто.

    21 година работам како стујардеса и сменив три авио-компании. Слободно можам да кажам дека во сите три фирми наидов на многу нормални и културрни патници, но имаше и голем број на „лудаци“. Какви работи сум се нагледала, не можете ни да замислите, раскажува стујардесата.

    Според нејзините зборови, многумина и завидуваат бидејќи мислат дека работата и овозможува да прошета на многу места, но вели дека ако тие ги видат сите аспекти на работата, веднаш ќе го променат мислењето.

    -Средената фризура, симпатичната униформа и насмевката често знаат да ги излажат луѓето. Работата е таква и на нашето лице не смее да се види ништо друго освен насмевка. Затоа кога ќе најдам кеса полна со урнина меѓу некои седишта, истовремено се смеам, но и вриштам во себе од гадост.

    За нередите во тоалетите најдобро да не ни почнам да раскажаувам, но како што реков, сето тоа е дел од работата. Замижувам со едното око, ја завршувам работата и веќе знам дека наскоро ќе наидам на нешто уште по бизарно, завршила Марија.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.