Манасков: Игравме под грч, предизвикот е голем

„Знаете дека секогаш е тешко на првите натпревари на големите шампионати. Играме под грч, предизвикот е голем. Знаете каква ни е традицијата против Словенија, секогаш се мачиме и тешко ни оди. Јас лично бев во грч во првото полувреме, но успеав во вториот дел да се консолидирам, да дадам се од себе и да и помогнам на екипата да дојдеме до победа“, изјави Дејан Манасков по победата на Македонија против Словенија со 25:24 на Европското првенство во Хрватска.

Манасков беше најдобар стрелец со осум погодоци, иако во првото полувреме имаше проблеми да го совлада словенечкиот голман Скок.