Пет годишно момче, со својата два месеца стара сестричка во рацете и го спасил животот на мајка си.
Момчето од Аризона кое има само пет години, случајно го спасил животот на мајка му.
Неговата мајка Кејтлин ја искористила шансата додека бебето спие, да се истушира, па на малиот Салваторе му кажала дека ќе оди во бањата, но штом влегла во кадата, загубила свест, додека кадата продолжила да се полни со вода.
Тогаш момчето ги превземало работите во свои раце. Откако видел што се случило со мајка му, тој ја зел неговата сестричка во рацете и отрчал кај сосетката и веднаш и рекол:
-Нашата мајка умре, можете ли сега вие да се грижите за нас?- прашало момчето
Сосетката најпрвин помислила дека се работи за детска игра, но кога видела дека момчето во раце го држи и бебето, сватила дека се работи за нешто сериозно, па отрчала во домот на Кејтлин, која сеуште била во кадата, па повикала брза помош.
-Ми го спаси животот, да не отидеше по помош, најверојатно ќе се удавев- рекла мајката горда на својот син и додала дека момчето секој ден ја прашува дали пак ќе и се случи истото, штом влезе да се тушира.