Јавното претпријатие „Камена Река” од Македонска Каменица и оваа година преку наградна игра ќе ги наградува сите свои корисници кои редовно ја плаќаат комуналната такса. Директорот на ЈП „Камена Река“, Влатко Андоновски информира право на учество во наградната игра имаат сите оние корисници кои ја имаат подмирено комуналната такса заклучно со декември 2018 година и тоа најдоцна до 31 јануари 2019 година.
-Фондот на награди и годинава изнесува околу 700 евра. Првата награда е телевизор, втората шестмесечна претплата, а третата е мултифункционален тостер. Оваа наградна игра има симболичен карактер и претставува еден вид мотивација за корисниците на нашите услуги редовно да ги плаќаат сметките, рече Андоновски.
Додаде дека пред секоја наградна игра редовноста на плаќањето на сметките за комунални услуги се зголемува за неколку проценти.