Веб-порталот Пресс24 од извори блиски до полицијата има информација, која ја карактеризира како неофицијална, но од извор кој го сметаат за релевантен.
Млада девојка утрово е пронајдена мртва во скопско Волково, дознава Press24 од свои извори во полицијата. Се уште нема информации во какви околности починала девојката ниту пак дали на нејзиното тело има траги на насилство.
Полициски извори за Press24 велат дека токму во овој момент, полициска екипа се упатила на терен за да изврши увид.
Од МВР официјално се уште нема потврда на оваа информација.