Македонскиот претставник на 63. избор за песна на „Евровизја“, групата „Ај кју“ (Eye Cue) не успеа да обезбеди пласман во финалето на оваа музичка манифестација.
На евровизиското финале во португалската престолнина, Лисабон, настап не обезбедија ниту претставниците на Хрватска, Белгија, Исланд, Белорусија.
Од првата вечер, земји чии претставници ќе настапат на финалето во сабота се: Австрија, Естонија, Кипар, Литванија, Израел, Чешка, Бугарија, Албанија, Финска и Ирска.
Инаку, Македонија нема влезено во финалето на евровизиското музичко натпреварување од 2012 година, кога земјава ја претставуваше Калиопи со песната „Црно и бело“.