6 C
Skopje
петок, март 1, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Македонија и Косово ќе воведуваат заедничка контрола на границата

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Поградец, Република Албанија, се сретна со министерот за внатрешни работи на Република Албанија Сандер Лешај.

    Двајцата министри ја потенцираа одличната соработка меѓу полициите на двете земји, особено меѓу граничните полиции. На средбата стана збор и за воведувањето на заеднички контроли на надлежните органи на двете земји на патниот граничен премин Ќафасан-Ќафтане, што ќе овозможи забрзување на протокот на патници, стока и превозни средства.

    Ваков проект т.н. „One stop control“, како што велат од Министерството за внатрешни работи, е во завршна фаза пред имплеметација со Република Србија, на граничниот премин Табановце- Прешево, а од примерите во земјите каде веќе функционира евидентно е дека се преполовува времето на чекање на граѓаните, а се штедат и ресурси. Ваков проект Албанија веќе има воспоставено со Црна Гора и со Косово.

    Министрите се договорија да се преземат неопходните активности за овој проект да биде завршен до 1 април 2019 година. Министерот Спасовски информираше и дека македонските власти ги преземаат неопходните мерки за да се подобрат условите и инфраструктура на граничниот премин Требиште-Џепиште.

    Министерот Лешај зборуваше за идејата за овозможување на слободно движење на граѓани, патници и стоки на границата, како и за подобрување на размената на информации за границата со други држави. Тој посочи дека за оваа идеја ќе се разговара и со другите земји од Западен Балкан, кои се добредојдени да се приклучат и да ги прифатат заедничките предности од воспоставување на заеднички премини.

    Спасовски ја подвлече важноста од одличната полициска соработка во делот на борбата против организираниот криминал и справувањето со глобалните безбедносни закани, подвлекувајќи ја важноста од натамошно продлабочување на соработката помеѓу двете земји.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.