Министерите за внатрешни работи на Македонија и Косово, Оливер Спасовски и Екрем Мустафа, денеска во Приштина потпишаа Договор за реципрочно признавање на возачките дозволи.
Двете држави реципрочно ќе ги признаваат возачките дозволи на возачите кои имаат законски престој на територијата на едната или другата држава. Воедно, граѓаните кои имаат регулирано престој ќе можат, без обврска за полагање теоретски и практичен дел од возачкиот испит, да ја заменат својата возачка дозвола за возачка дозвола од истата категорија и поткатегорија на другата држава.
При исполнување на ова свое право граѓаните ќе треба да ја почитуваат административната процедура согласно пропишаните национални законодавства на двете држави.
Ваков договор пред неколку месеци беше потпишан со Германија, а претходно и со Италија, Шпанија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Освен со овие држави, во тек е процедурата за потпишување договор за признавање и замена на возачки дозволи и со Турција, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.