6 C
Skopje
среда, декември 6, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Македонија и Албанија со заеднички проект на преминот Ќафасан кој ќе го преполови времето на чекање

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Поградец, Албанија, оствари работна средба со албанскиот колега, Сандер Лешај.

    Како што информираат од МВР, двајцата министри ја потенцирале одличната соработка меѓу полициите на двете земји, особено меѓуграничните полиции.

    „На средбата стана збор и за воведувањето на заеднички контроли на надлежните органи на Македонија и Албанија на патниот граничен премин Ќафасан, што ќе овозможи забрзување на протокот на патници, стока и превозни средства. Ваков проект т.н. ‘One stop control’ е во завршна фаза пред имплеметација со Србија, на граничниот премин Табановце, а од примерите во земјите каде веќе функционира евидентно е дека се преполовува времето на чекање на граѓаните, а се штедат и ресурси“, стои во соопштението на ресорното министерство.

    Спасовски и Лешај договориле соработката меѓу граничните полиции на двете држави да продолжи и во иднина на сите нивоа, пред се преку редовно одржување состаноци, размена на искуства и корисни информации за подобрување на ефикасноста на граничното управување, спречување на илегални миграции и сите форми на прекуграничен криминал.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.