6 C
Skopje
среда, јануари 15, 2025
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Македонија има најниски цени на патарините во цела Европа

    Првиот човек на Државни патишта уверува дека патарините во Македонија и Србија биле најевтини во Европа. Вели дека методологијата според која се пресметува колку ќе чини еден километар возење по автопат била донесена од претходната власт, во 2012 година.

    Надлежните планираат на новиот автопат Миладиновци – Штип, кој вчера беше отворен, да постават две нови патарини. Едната ќе чини 70, а другата 50 денари. Со новите давачки, од Скопје до Штип во двата правци патарината ќе изнесува 320 денари.

    Најскапиот наплатен пункт ќе биде на делницата од Демир Капија до Гевгелија, кој ќе биде пуштен следната недела и ќе чини 100 денари. Таму е предвидена уште една патарина која треба да биде готова до крајот на годината. Тоа значи дека оние кои летово ќе патуваат во Грција за патарини ќе треба да се платат 280.

    Според новите измени кај патарините, моторциклистите ќе плаќаат 20 денари помалку. А попусти ќе добиваат оние кои ќе плаќаат електронски, кога тоа ќе биде пуштено во употреба.

    Измени има и во девизното плаќање, односно странските државјани ќе плаќаат половина евро помалку на патарините кај Романовце и Стоби.

    Новите цени ќе важат откако ќе бидат објавени во Службен весник.

    Извор: Skpojeinfo.mk

    Последни објави

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.