Македонската кошаркарска репрезентација до крајот на квалификацискиот циклус ќе биде без Дамјан Стојановски, кој неколку месеци ќе биде надвор од кошаркарските терени поради повредата на страничниот лигамент на коленото.
Дамјан Стојановски се повреди во првото полувреме на натпреварот во Лондон против Велика Британија. Тој на овој меч кој Македонија го загуби со 96-79, одигра само девет минути.
Македонија, квалификациите го продолжува в среда, кога во Кавадарци ќе гостува Унгарија, која по првите две кола има две победи.