6 C
Skopje
петок, февруари 7, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Македонец снимил чудна светлина на патот кон Острог- некои веруваат дека се работи за чудо, други пак велат дека е измама (ВИДЕО)

Со векови наназад манастирот Острог се смета за свето место на кое се случувале необични работи кои верниците ги опишуваат како чудо на светецот Свети Василиј.

Верници од Македонија се упатиле кон манастирот, па на пат кон Острог останале зачудени кога виделе необична светлина, за која веруваат дека се работи за духот на Свети Василиј.

Тие објавиле видео на Јутјуб каде се гледа необичната светлост, велејќи дека не била жвидлива со голо око туку само преку камерата на мобилниот телефон.

Видеото е поставено во 2017 година, но деновиве повторно почна да биде популарно и да се појавува на социјалните мрежи.

Секако по објавување на снимката веднаш се појавија и коментари кои велат дека се работи за блицот на мобиниот телефон, бил вклучен додека е снимано и дека нема никакво чудо, додека други пак велат дека тоа не е можно бидејќи прозорецот не е огледало и нема таков одблесок во него и навистина веруваат дека се работи а чудо.

Сепак погледнете го видеото, па пресудете и самите за што се работи.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.