6 C
Skopje
среда, декември 6, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Македонец почина на паркинг на ски-центар кај Банско

    Педесет и тригодишен Македонец почина на паркинг на ски-центарот Кулино кај Разлог кога ненадејно му се слошило. Според информациите од бугарските медиуми, човекот починал веднаш на самото место, а кога пристигнале медицински екипи, била констатирана смрт.

    Како што пишува весникот „Струма“, човекот паднал пред сопругата и детето. Тие престојувале во Банско, но одлучиле да скијаат во Кулино. Додека се обидувал да ги извади скиите од автомобилот на паркингот, тој се струполил на земјата. Се претпоставува дека причина за смртта е силен срцев удар.

    Како што се наведува, семејството одбило аутопсија на телото на починатиот.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.