6 C
Skopje
недела, април 14, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Македонец починал зошто надрилекарот го лечел од тумор на мозокот со цедени сокови и тинктура

    Триесет и едногодишниот Славчо Петров, кој боледувал од тумор на мозокот, починал на 7 јануари годинава. Сестрата на Славчо, Билјана Јовановиќ (32) за неговата смрт го обвинува српскиот надрилекар Мирољуб Петровиќ, кој им рекол во никој случај да не одат на лекар и дека само од неговата тинктура ќе му биде подобро.

    Кога Славчо починал, целата вина за неговата смрт ја префрлил на семејството. Ова во утринската програма на една српска телевизија го тврди Јовановиќ која се соочи со лажниот лекар.

    Јовановиќ пред камерите изјави дека безгранично му верувала на Петровиќ, како и дека веднаш по дијагнозата на нејзиниот брат му пишала мејл. Тој им препорачал 30 дена цедени сокови и неговата тинктура.

    Како што дознава „Блиц“, овој самопрогласен доктор, е познат по шарлатанството. Тој убедувал многу луѓе наместо на доктор, да доаѓаат во неговиот центар, каде дебело им ги наплаќал „лекувањата од рак“.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.