Лебот го печеше секое сабајле, тоа била нивна традиција. Исекла две кришки леб и ги намачкала со путер.
Како и обично, ја фатила кришката од средината да ја даде на сопругот, а за себе да го остави крајчето, но застанала.
Помислила: Денеска славиме 30 години брак, сака за доручек јас да ја јадам кришката од средина. Сонувам за тоа цело време. Бев примерна жена 30 години и ги воспитував нашите синови да бидат добри луѓе. Вложив се за доброто на семејството.
Одлучила на сопругот да му го даде крајчето, но рака и затреперила зошто ја прекинува традицијата долга 30 години.
Мажот го прифатил лебот и рекол: Денеска ми даде преубав поклон, драга. Цели 30 години за доручек не сум јадел корка од леб, која толку ја сакам, затоа што е правично ти да го добиеш тоа што највеќе го сакаш! Ти благодарам!