Тој има постојана потреба да си ја обезбеди финансиската стабилност. Сигурен став, не отстапува од своите принципи. Тој никогаш речиси и да не го повишува тонот, потребно е многу повеќе за да го разбудите гневот кај него.
Но постои и друга, негативна страна на неговиот карактер.
Доколку е непосредно загрозен, заборава на се друго. Често пати се случува туѓите заслуги да ги прикаже како свои. Често себе си се оживува како голем шармер, образован, интелигентен и способен за големи дела.
Всушност тој е ситна душа полн со стравови од пораз. Умее да избегнува обврски и ветувања. Го одлага извршувањето на одлуките до последен момент. Мошне е скржав во односите како и со финансиите.
Во емотивна смисла е најчесто незадоволен. Не е омилен емотивен партнер,а мошне е тежок и како соработник и колега и се тоа поради неговото однесување и размислување дека е подобар од сите други.