Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата. Во останатите делови од државата коловозите се наместа влажни, информираАМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.