6 C
Skopje
среда, декември 6, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    „Луфтханза“ стана најголемиот европски авиопревозник

    Германската авиокомпанија „Луфтханза“ минатата година стана најголемиот европски авиопревозник, откако по цели 14 години од првата позиција го симна „Ер Франс-КЛМ“.

    На глобално ниво, првата позиција и натаму припаѓа на „Американ ерлајнс“, а „Јунајтед ерлајнс“ стана вториот светски авиопревозник, пробивајќи се пред „Делта ерлајнс“.

    По агресивната експанзија на американскиот пазар во 2018 година, воздухопловниот свет доби нов втор по големина авиопревозник – компанијата „Јунајтед ерлајнс“, пренесуваат светсните агенции.

    Компанијата на почетокот на минатата година одлучила да го зголеми пазарниот удел, а врз основа на 3-годишниот план го зголеми својот капацитет за 6 отсто годишно на најзините најфреквентни континентални центри – Чикаго, Хјустон и Денвер.

    Во меѓувреме, германската „Луфтханза“ во Европа го презеде приматот од „Ер Франс-КЛМ“, со тоа станувајќи најголем европски авиопревозник.

    Приближувајќи му се на својот конкурент во 2017 година, германската авиокомпанија лани го претекна откако го зголеми својот патнички сообраќај за 9 отсто, речиси три пати побрзо. Имено, „Луфтханза“ во 2018 година постигна нов патнички рекорд, превезувајќи 142 милиони патници на 1,2 милиони летови.

    „Луфтханза“ ја зазема водечката позиција во Европа благодарение на претежно органскиот раст, поткрепен со купување на помали швајцарски, австриски и бриселски авиопревозници односно со зголемување на обемот на работа на својот поевтин авиопревозник „Еуровингс“ за речиси 25 проценти.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.