И без две победи Македонија може да обезбеди полуфинале но во еден речиси неверојатен расплет на настаните и резултати од натпреварите кои само нас би ни одговарале.
Извесно е дека со две победи во натпреварите со Чешка и Данска Македонија е сигурен полуфиналист, но постои шанса и со победа и нерешено дa одиме понатаму.
За тоа да се случи, утре во 18:15 часот навиваме за Словенија да победи против Шпанија.
Од двата преостанати противници до крајот на оваа фаза се чини Чешка е тимот со кој имаме повеќе шанси, па тука можеме да се надеваме на победа.
Потоа ни треба бод со Данска, односно нерешен резултат и на крајот, во последното коло веднаш по нашиот меч, треба натпреварот меѓу Германија и Шпанија да заврши нерешено.
Во таков случај Македонија би била втора со 6 бода, пред Шпанија и Германија со 5.
Иако ова се граничи со научна фантастика, сепак како теорија, можно е да се случи.
Извор: курир.мк