Демаркус Казинс го одигра најдобриот меч во својата НБА кариера со што ја обележа изминатата ноќ во НБА лигата. Покрај Казинс, идивидуално се истакна и Леброн Џејмс, кој му донесе на Кливленд победа во продолженито против Милвоки и се искачи на осмото место на вечната листа на најдобрите стрелци. Во дербитона Тексас Сан Антонио ја прекина победничката серија на Хјустон.
Демаркус Казинс за многумина е најдобар центар во НБА лигата, но поради „лудата глава“ не секогаш го покажува високиот потенцијал. Против Портлан, Казинс го предводеше Сакраменто до победата 126:121 со 55 поени (17/28 за два, 5/8 за три) 13 скокови и три блокади.
Мечот сепка го обележа неговата реакција кога во финишот на мечот, при резултат 119:119, тој погоди тројка под фаул, а потоа се сврте и плукна кон клупата на пртотивникот. Пороади овој потег судиите го испратија во соблекувалната, а тој лут го искина дресот.
Недолго потоа судиите ја сменија својата одлука и Казинс се врати на теренот и го реализира дополнителното слободно фрлање.