Чај од банана
Само неколку намирници, кои сигурно ги чувате во кујната, можат да ви помогнат да направите чај од банана. Ова е совршен лек за несоница, а исто така има и неверојатен вкус. Како делува? Бананите, особено лушпите, изобилуваат со потасиум и магнезиум. Магнезиумот помага во нарушен сон, а заедно со потасиумот ги опушта мускулите. Магнезиумот е еден од најдобрите минерали за опуштање. Имајте на ум дека бананите треба да бидат 100% органски.
Состојки за подготовка на чајот
1 органска банана
1 чаша вода
малку цимет
Исечете ги краевите од бананите, потоа бананите со се лушпата ставете ги во зовриена вода. Бананите да вријат десетина минути, а потоа со цедалка исцедете ја водата во шолја за чај. Додадете малку цимет и консумирајте го чајот еден час пред спиење.