Четириесетгодишен скопјанец вчера во полиција пријавил дека поставил мини пред Собранието и во една болница.
Според информациите од МВР, вчера во 23.05 часот Д.И.(40) од Скопје пријавил дека поставил мина пред Собранието на Република Македонија, а потоа и во зграда на Итната медицинска помош.
Било утврдено дека станува збор за лице со нарушено ментално здравје и дека пријавата е лажна.
Д.И. бил приведен во Полициската станица Драчево за понатамошна постапка.