Првиот доказ дека 3Д печатењето не е некоја приказна од далечната иднина, но и дека би можело да го смени животот на милијарда луѓе ширум светот, е куќа направена исклучиво со 3Д принт.
Нејзината цена се движи околу 10 000 долари, а градењето е готово за 24 часа. Процесот е доста едноставен. Работниците идејниот план и конструкцијата на куќата ја праќаат на печатење, а потоа индустриски печатар започнува со работа и од бетон изработува конструкција. Нова куќа. По поставувањето на бетонот работниците ги редат кровот, прозорите и вратата и внатрешната електрична конструкција, пишува Huffington Post.
Печатените куќи се резултат на компанијата ICON и непрофитната организација New Story со цел за изградба на евтини, сигурни куќи кои ќе може да ги изградат и оние со ограничено градежно знаење. Се надеваат дека цената на куќата ќе може да ја спуштат на 4000 долари. Нивната прва испечатена 3Д куќа ќе биде изградена годинава во Ел Салвадор.
Тридимензионалното печатење е без начин на изработка на предмети во 3Д во кој директно од 3Д печатар се изработуваат физички предмети во просторот.Тродимензионалниот испис овозможува и увид во самиот тек на постапката на дизајнирањето и ефикасни корекции.
Користејќи се овие можности на 3Д печатар значително се скратува времето на изработка и се зголемува нивото на квалитетот на моделот и прототипот.