Триесет и двегодишен кумановец бил прободен со нож во тепачка во кафуле во Куманово.
Според информациите на МВР, инцидентот се случил вчеравечер во кафуле на улица 3. Македонска ударна бригада по претходна вербална расправија.
„А.А. (32) и Ш.Ј. (20), двајцата од Куманово, физички го нападнале Б.И. (32) од Куманово. Според пријавеното, тие со предмети го удирале Б.И., а во еден момент Б.И. извадил нож и го пробел А.А. во пределот на стомакот. А.А. бил пренесен во болницата во Куманово, а во болница бил пренесен и Б.И., кој добил тешки телесни повреди“, соопштија од МВР.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на настанот по што против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.