6 C
Skopje
вторник, април 29, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Кристијано Роналдо против Хрватска ќе „лови“ уште еден рекорд

Кристијано Роналдо на Европското првенство во Франција веќе собори два рекорда, а на осминафиналниот дуел со Хрватска ќе „лови“ уште еден рекорд.

ronaldo_gubi

Роналдо, против Унгарија во третото коло во Ф групата, стана играч со најмногу настапи на европските првенства, тој го одигра 17 натпревар на континенталните шампионати и на вечната листа ги мина Едвин ван дер Сар (Холандија) и Лилијан Турам (Франција).

Воедно, Кристијано стана првиот фудбалер кој бил стрелец на четири различни европски првенства. Два гола постигнал на ЕП во 2004, еден на ЕП во 2008, три на ЕУРО 2012 и два во досегашниот тек од шмпионатот во Франција.

Португалскиот ас со досега постигнати осум голови се наоѓа на второто место на вечната листа, зад Мишел Платини кој е лидер со девет голови, сите постигнати на ЕП во 1984 година.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.