Најдобриот португалски фудбалер, Кристијано Роналдо, не е премногу расположен пред решавачкиот натпревар на неговата репрезентација во Ф групата, кој ќе ја одреди натамошната судбина на Португалија на Европското првенство.
Португалија, во среда, за потивник ќе ја има Унгарија, кој со четири бода веќе е во осминафиналето, а таму ќе се најде и Роналдо доколку со соиграчите ја совлада Унгарија.
Во пресрет на натпреварот, Роналдо не е премногу расположен, малку е и исфрустриран, поради промашениот пенал против Австрија, а и со фактот дека сé уште нема постигнато гол на Европското првенство.
Нервозата на најдобриот португалски фудбалер најдобро ја почувствува еден новинар, кој го прашал Ронладо дали е подготвен за натпреварот со Унгарија? Наместо да одговори на прашањето, Кристијано Роналдо му го земал микрофонот и ги го фрлил во езерото.
https://www.youtube.com/watch?v=mEOb3VTgk0s