Прилепската полиција поднесе кривична пријава против 37-годишен дилер од Прилеп, во чиј дом биле пронајдени марихуана и метамфетамин.
Полициски службеници претресот го извршиле на 18 мај минатата година.
Прилепчанецот се товари за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.