6 C
Skopje
четврток, декември 12, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    „Кралот Џејмс“ ја донесе титулата во Кливленд

    Кошаркарите на кливленд Кавалирс со историски пресврт ја освоија првата НБА титула во клупската историја. Тимот од Охајо победи во мајсторката против Голден Стејт 93-89, со што стана првата екипа во НБА историјата која надоместила негатива од 1-3 во победи.

    Кливленд до титулата го носеше Леброн Џејмс, кој ја освои својата третата титула во кариерата (првите две со Мајами), тој натпреварот го заврши со 27 поени, 11 скокови и 11 асистенции, поен помалку постигна Кајри Ирвинг кој во последната минута ја погоди клучната тројка за водство на својот тим 89-92.

    Тренерот на Кавалирс, Тајрон Лу, стана 14-от тренер кој титулата ја освоил и како играч и како тренер. Лу на половина од сезоната на тренерската функција го замени Дејвид Блат.

    Леброн Џејмс го доби признанието за најкорисен играч во големото финале, на седумте натпревари тој оствари просечни 29,7 поени, 11,3 скока и 8,9 асистенции.

    Кавалирс со оваа титула го тргнаа „проклетството“ на градот кој од 1964 година (НХЛ титула за Кливленд Браунс), немаше шампионски трофеј во некој од професионалните спортови во САД.

    Кај Голден Стејт, кој во регуларниот дел од сезоната забележа 73 победи и само девет порази, брилијантен меч одигра Дрејмон Грин (32 поени, 15 скокови, девет асистенции), но тој не доби вистинска поддршка од соиграчите.

    Најдобриот играч на тимот Стеф Кари постигна 17 поени но со лош процент на реализиција (тројки 4/14), а премногу не се истакна ниту Клеј Томпсон (14 поени).

    Последни објави

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.