Централниот одбор на владејачката СДСМ, одлучи да се донесат пет потпретседатели на партијата.
Двајца од нив се нови, тие за прв пат ќе бидат потпретседатели на СДСМ, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска е од синоќа официјално една од потпретседателите, новитет и изненадување за сопартициите но и за јавноста е новоизбраниот потпретседател автор и ПР експерт, Коста Петров.
Останатите тројца старо-нови потпретседатели на партијата се министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, Мухамед Закири, пратеник во собранието и Дамјан Манчевски, министерот за информатичко општество и администрација.
Градоначаникот на Град Скопје, Петре Шилегов и пратеничката Форсина Ременски ја напуштија позицијата потпретседател на СДСМ.
Петров синоќа преку својот Фејсбук профил порача дека одлучил да влезе во политика за да се обиде да направи нешто подобро, а не само да стои настрана и да коментира. Вели дека немањето искуство во политката го смета за свој најголем адут.
Премиерот Зоран Заев, пак на својот Фејсбук профил напиша дека преку Коста Петров, којшто е нов меѓу редовите на партијата, и којшто е избран за потпретседател на СДСМ ја испраќаат пораката како може да се засукаат ракавите, и да се направат напори да се успее во нашата земја.
Извор: Faktor.mk