„Мојата мајка, сестра близначка и јас“ – гласи коментарот под фотографијата која младата Кајлан Махомес ја објавила на својот профил на Твитер.
Фотографијата за многу кратко време ги освои социјалните мрежи и поттикнала полемика во јавноста – кој е кој на фотографијата.
Големата сличност и пред се младолик изглед на мајката на овие две близначки, ги собра сите пофалби и позитивни коментари. Многумина се уште се прашуваат која е мајката на фотографијата.
Ова селфи Кајлан го објавила на 28 јануари и оттогаш е споделена 18.000 пати и собрала 29 лајкови, пишува „ Еdition.cnn.com“.
Добри гени или добра нега – се поставува прашањето што е заслужно мајката на овие две возрасни девојки да изгледа како да е нивна врсничка.
Доколку се уште не сте сигурни кој е кој, ова е одговорот. Кила е во средина, Кајлан седи на местото на возачот, а мајката е на совозачкото место.