Кошаркарите на Србија го добија балканското дерби против Хрватска (86-83) на Олимписките игри во Рио де Жанеиро и изборија полуфинален меч против селекцијата на Австралија. Во второто полуфинале на кошаркарскиот турнир ќе се сретнат САД и Шпанија.
Балканската пресметка Србија-Хрватска донесе многу голема борба, незивесност и победа на Србија во пенал звршница. Младиот крилен центар на Денвер, Никола Јокиќ, во финишот погоди четири слободни фрлања со кои ја однесе Србија во полуфиналето.
На Хрватите не им помогфна ниту брилијантната игра на Бојан Богдановиќ кој со 28 поени беше најефикасниот актер на мечот.
Србија ја предводеше Богдан Богдановиќ со 18 поени, Јокиќ постигна 12, а Теодосиќ имаше учинок од девет поени и 10 асистенции.
Србија во полуфиналето кое на програмата е во петок на полноќ ќе игра против Австралија.
Втората полуифинална двојка ја формираа финалистите од пред четири години во Лондон, САД и Шпанија, кои убедливо славеа во дуелите со Аргентина односно Франција.
Американците бавно влегоа во мечот со Аргентина, во средишницата од првиот периодимаа негатива од десет поени (9-19), но потоа се разиграа Дурент и Пол Џорџ и САД забележа убелива победа 105-78.
Шпанија ја декласира Франција со 92-67.