6 C
Skopje
среда, март 19, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Кошарка: Балканско класико Србија-Хрватска

Репрезентациите на Србија и Хрватска ќе се борат за пласман во полуфиналето на кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

srbija hrvatska

Хрватска во последниот меч во Б групата ја совлада Литванија (90-81), го освои првото место во оваа конкуренција и избори четвртфинале со големиот ривал Србија.

Балканското дерби на ОИ во Рио де Жанеиро ќе се одигра во ноќта помеѓу четврток и петок (3:15 часот).

Победникот од овој меч за ривал во полуфиналето ќе го има победникот од четвртфиналната пресметка помеѓу Австралија и Литванија (четврток, 16 часот).

Европскиот првак Шпанија во четвртфиналето ќе игра против Франција (четврток, 19:30 часот), а последната четвртфинална двојка ја формираа САД и Аргентина (четврток, 23:45 часот).

Полуфиналните натпревари ќе се одиграат на 19.август, а мечевите за медали на програмата се на 21.август.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.