6 C
Skopje
среда, октомври 4, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Кошаркарите ја победија Бугарија

    Кошаркарската репрезентација на Македонија ја совлада Бугарија во контролен натпревар со 80:70 (15:11, 23:25, 19:18, 23:14), кој вечерва се одигра во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

    Македонските кошаркари кои се подготвуваа за настап во претквалификациите за пласман на Светското првенство во 2019, ја забележаа првата победа во контролите натпревари.

    Против Бугарија, играта на избраниците на селекторот Давитков осцилираше во мекои моменти, но кога беше најпотребно најискусните се погрижија да нема неизвесност околу победникот.

    Тасовски со 18 поени (4 тројки) ја предводеше Македонија, поен помалку постигна Војдан Стојановски, Теодор уфрли 15, а Чековски 12 поени.

    Давитков се неговите избраници ќе ги продолжи подготвките до 20.јули кога ќе започне „Трофеј Македонија“, на кој покрај македонската репрезентација ќе учествуваат Португалија, Холандија и БиХ.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.