Кошаркарската репрезентација на Македонија, в четврток, ги започнува квалификациите за пласман на Европското првенство во 2017 година.
Прв противник на подмладениот македонски состав, кој од клупата ќе го предводи српскиот стратег Драган Раца е аутсајдерот во групата репрезентацијата на Луксембург.
Натпреварот ќе се игра во салата „Јасмин“ во Кавадарци со почеток во 20:30 часот.
Покрај Луксембург противници на македонските кошаркари, во Г групата, ќе бидат кошаркарите од Унгарија и Велика Британија.
Македонија ќе гостува во Лондон на 3.септември, потоа во Кавадарци на 7.септември ќе ја пречека Унгарија. Луксембург во гости е мечот кој се игра на 10.септември, четири дена подоцна Британците доаѓаат во Кавадарци, а циклусот завршува на 17.септември кога избраниците на Раца ќе гостуваат во Унгарија.