Македонските кошаркари со пораз ги завршија квалификациите за Евробаскетот во 2017 година. Во Солнок, во последниот меч Унгарија славеше над Македонија со 63-61.
Македонија ја прекина успешната низа од четири последовни учества на континеталните првенства, откако одигра мизерни квалификации, во кои ги загуби четирите натпревари против директните конкуренти за пласман Унгарија и Велика Британија, а запиша само две победи над аутсајдерот Луксембург.
Мечот во Солнок беше последен за селекторот Драган Раца, кој немаше капацитет, ниту пак знаење да го извлече максимумот од оваа генерација и да ја однесе Македонија на самитот на најдобрите во Европа.
Унгарците кои и пред овој меч ја имаа обезбедено првата позиција во групата и пласманот на ЕП, настапија без своите двајца најдобри играчи, Војвода и Ханга, но ниту тоа не беше доволно Македонија да забележи победа.
Македонските кошаркари добро го отворија мечот, предводени од Војдан Стојановски стигнаа до предност од 13 поени (7-20), а по првите 10 минути имаа позитива од седум поени 18-25.
Празниот од во втората четвртина, кога повеќе од четири минути не поентираа беше доволен Унгарците со серија од 9-0 да се вратат во натпреварот.
Од тој момент се играше кош за кош, мечот влезе во неизвесна завршница, од која Унгарците излегоа како победници.
Костоски со 18 и Јанески со 14 поени беа најефиасни во македонската репрезентација.