6 C
Skopje
петок, април 18, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Кошаркарите извадија победа во Луксембург

Македонија победи во Луксембург 74-82 (13-21, 21-27, 31-16, 9-18) во рамките на четвртото коло од кошаркарските квалификации за пласман на Европското првенство. По четири одиграни натпревари македонските кошаркари имаат две победи и исто толку порази.

makedonija_kosarka

Потешко од планираното Македонија успеа да слави во Луксембург кај тоталниот аутсајдер. Македонските кошаркари „одеа по жица“ откако во третиот период ја загубија предноста од 14 поени која ја стекнаа на полувремето. Луксембург третата четвртина ја доби со 31-16. Сепак одбраната во последниот период им донесе триумф од осум поени на македонските кошаркари.

Костоски ја предводеше Македонија со 20 поени, девет скокови и седум асистенции, а двоцифрени уште беа Тревис со 18 поени, Николовски со 15 и Јанески со 11 кошеви.

Македонија, во наредното коло, во Кавадарци ќе ја пречека Велика Британија, која во саботата загуби од Унгарија 80-88.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.