Македонската кошаркарска репрезентација со максимални три победи (Португалија, Холандија, БиХ) го освои „Трофеј Македонија“. Во третот коло избраниците на селекторот Јорданчо Давитков ја совладаа БиХ со 71:67.
Дуелот со БиХ во најголем дел беше израмнет, а клучна за победата беше втората четвртина која Македонија ја доби 22:16.
Тројца играчи во македонската репрезентација имаа двоцифрен број на поени, најефикасен беше Ѓуровски со 12, два повеќе од Костовски и Тасовски.
„Трофеј Македонија“ беше последна проверка за македонските играчи пред почетокот на претквалификациите за Светското првенство.