Професорот Хендрик Штрек, раководител на Институтот за вирологија на Универзитетската клиника во Бон, открил нови симптоми на заразата со Ковид-19. Претпоставува дека тие се случуваат во напредната фаза од болеста.
Неколкудневно губење на чувството за мирис и вкус е констатирано кај дел од пациентите во Германија кои биле заразени со новиот коронавирус, вели професорот Штрек, кој тестирал најголем број пациенти заразени од коронавирусот во Германија. Засега, не може со точност да се утврди кога се манифестираат тие симптоми.
„Претпоставуваме дека тоа се случува во напредната фаза од болеста“, вели Штрек во интервју за весникот Франкфуртер алгемајне цајтунг.
Кај 91 отсто од пациентите тестирани во Кина симптомите биле благи и лесни, придружени со сува кашлица и евентуално треска. Дополнително, кај 30 отсто од германските пациенти е забележана и диареа, што е повисок процент одошто во Кина.
Вирологот објаснува дека една заразена мајка дури не можела да го почувствува мирисот на преполната пелена на нејзиното бебе, а кај други – храната им била целосно без вкус.
Ова се симптомите кои досега се сметаа за карактеристични за Ковид-19:
Целиот текст на овој ЛИНК