Начинот на исхрана, секојдневните стресови, алкохолот и тутунот, но и генетиката, се фактори кои влијаат на настанувањето брчки. Сувата кожа е склона кон брчки на кожата на лицето и затоа мора да водите повеќе сметка во тој случај.
Хидратацијата и исхраната на кожата бараат и внатрешна и надворешна нега.
Внесот на течности во организмот е клучна карика како и внесот на антиоксиданси кои ги има во некои намирници како ананас, црно чоколадо, домати, јаткасти плодови, бадеми, како и бобичесто овошје.
Боровниците и капините го зголемуваат производството на колаген, затоа не штедете, ако саката да ја вратите еластичноста на кожата.
Откако ќе се погрижите за доволен внес на витамини и минерали неопходни за убавината, испробајте ја секундарната техника за подмладување.
Нанесете маска од мед и лимон, кокосово масло, а сокот од морков значително ќе ја освежи кожата на лицето.
Држете се до овие правила и ќе бидете презадоволни од резултатите.