6 C
Skopje
понеделник, април 28, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Концерт „Современа фантазија“ во Софија

Во салонот на КИЦ на РМ во Софија, со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи концертот со наслов „Современа фантазија“.

Певиците Маја Митровска и Марина Коруновска и нивната придружба на пијано Александра Јанковска ќе ги претстават делата на подеднакво застапените во програмата на концертот македонски и бугарски композитори. Пред љубителите на класичната музика и вокалното творештво, како и сценско-музичкото, кое се потпира врз богатите вредности на фолклорот, ќе бидат изведени арии, дуети и дела за пијано од композиторите Георги Златев, Тодор Скаловски, Кирил Македонски, Трајко Прокопиев, Панчо Владигеров, Иван Маринов, Давор Неќак, Љубомир Бранѓолица, Љубомир Пипков, Борјан Цанев и Сотир Голабовски, а исто така премиерно ќе биде претставена новокомпонирана соло-песна.

Маја Митровска и Марина Коруновска често настапуваат самостојно, но исто така и како дует. Покрај гостувањата како дуо на повеќе културни збиднувања во Битола, имаат одржано и два целовечерни концерта. Нивниот проект со наслов „Гершвин како инспирација” е поддржан од Министерството за култура и е одржан во повеќе градови низ Република Македонија. Концертите на овие две певици се интересни, поради атрактивноста на препознатливите дела за широката публика и сценскиот настап. Нивната соработка со пијанистката Александра Јанковска почна пред неколку години, а за проектот „Современа фантазија“ секојдневно музицираат и работат на својата уметничката доизградба.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.