6 C
Skopje
петок, јуни 21, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Контрацептивните таблети наводно го намалуваат квалитетот на животот на здравите жени

    Контрацептивните таблети можат да ја намалат општата благосостојба на здравите жени, покажа студија на Институтот Каролинска и Економскиот факултет во Стокхолм.

    Во истражувањето учествувале 340 жени на возраст од 18 до 35 години. Жените користеле контрацептивни таблети кои содржат ethniylestradoil и levonorgestrel и лажни таблети, т.е. таблети кои немаат никакви лековити состојки, а резултатите биле објавени во списание за плодност или стерилност.

    Ниту една група не знаела кои таблети ги земаат, а било оценето дека квалитетот на животот на жените кои пиеле контрацептивни таблети бил понизок во однос на тие кои земале лажни таблети. Жените рекле дека таблетите негативно влијаеле на нивното општо расположение, самоконтрола, на виталноста и нивото на енергијата.

    Бидејќи промените биле релативно мали, истражувачите потенцираат дека резултатите треба да се интерпретираат со резерва, но истакнуваат дека негативните ефекти на квалитетот на животот кај некои жени можат да бидат клинички важни.

    „Не сакаме жените да престанат да земаат орална контрацепција поради лошите резултати, но ако жената е загрижена поради негативно влијание на расположението и квалитетот на животот, таа треба да разговара со лекар бидејќи мора да постои алтернатива” – рече авторката на истражувањето Анџелика Хиркеберг.

    Коавторот на студијата Никлас Зетраеус додаде дека негативните ефекти во некои случаи можат да бидат последица од неправилна примена на таблетите.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.